Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Игор Додик ќе биде нов премиер на Република Српска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Свет
media-libraryabok7v7mftj16whxDAz

Раководството на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), предводено од Милорад Додик, одлучило нов премиер на Владата на Република Српска да биде Игор Додик.

— реклама —

Тој на премиерската функција ќе го замени Саво Миниќ.

— реклама —

Како што тврди сараевскиот портал „Истрага.ба“, одлуката за новиот премиер на Република Српска била донесена одамна, иако во јавноста се создавал впечаток дека „постои дилема и неизвесност“.

Потегот Игор Додик да стане нов премиер на Република Српска доаѓа како обид на Милорад Додик да ги задржи сите механизми на моќ во Република Српска, во момент кога тој не може да извршува ниту една извршна функција во власта.

— реклама —

Наједноставниот начин да ја задржи контролата е преку членовите на семејството, пишува сараевскиот портал.

— реклама —

Од порталот наведуваат дека во рамките на СНСД постојат несогласувања околу оваа одлука, а Жељка Цвијановиќ се противи на идејата Игор Додик да ја преземе партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања