Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Игор Пехчевски се избори за „трикафта“ - пациентот со цистична фиброза го започна лекувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-29-at-17.01.29

Пациентот Игор Пехчевски доби лекување со лекот „трикафта“ за кој водеше борба која траеше повеќе од година. Тој посочува дека е пресреќен што неговите напори вродиле со плод.

„Денеска почнувам со примање на долго очекуваниот и револуционерен лек 'трикафта' кој за мене живот значи! Пресреќен сум за тоа што макотрпната и долга борба конечно вроди со плод. Мојот сон стана реалност. Дојде и тој денот кога ЦФ почнува да значи целосно функционални наместо Цистична фиброза. Им посакувам на моите соборци што поскоро сите да го добијат лекот“, напиша Пехчевски и објави фотографија.

— реклама —

Пехчевски повеќепати завршуваше хоспитализиран во болница поради вложено здравје.

— реклама —

— реклама —
Screenshot-2023-11-21-at-13.18.29

Влошено е здравјето на пациентот со цистична фиброза кој година дена бара лек: За мене е тажен ден

По една година барање на лек, за што надлежните здравствени органи немаа слух, повторно хоспитализиран Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза. Тој се бори со државата за да го прими лекот „трикафта“ кој го добија само неколку пациенти. Истовремено, државата не дава пари за лекот да го добијат сите кои се борат со болеста.„Денеска кога го одбележуваме 21ви Ноевмври, меѓународниот ден на болните од Цистична фиброза, за мене е тажен ден. За жал јас сум повторно хоспитализиран. Болеста не чека. Не чекаме ниту ние. Се борам и ќе се борам. Лек за сите. Трикафта за сите“, напиша Пехчевски.Битката за право на лек на Пехчевски трае долго. Министерот за здравство, Фатмир Меџити го обвини Пехчевски дека прави шоу со неговите јавни настапи.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања