Игралиштето на ООУ “Киро Глигоров” останува јавен простор достапен на сите.
„На состанокот со родителите во Општината, нашиот претставник во Училишен одбор го искажа ставот на „Шанса за Центар„ кој е против договорите со кои се узурпира јавен простор и се овозможува да се користи за пари и профит во приватни цели.
Иако е законски дозволено сметаме дека е спротивно од јавниот интерес кој подразбира да има места за рекреација кои може да ги користат сите локални жители без да плаќаат надоместок. Се надеваме дека слични победи ќе има и во другите училишта.
И понатаму ќе се залагаме за транспарентност во објавување на одлуките на Училишен одбор како и договорите за изнајмувања, а со цел да нема простор за сомнежи за било кое располагање со јавен општински имот“, се вели во објавата на Шанса за Центар