ИЈЗ: Минатата недела за 8,1 отсто помалку заразени до Ковид 19, најмногу од Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

lugje-karpos-esen-korona-1

Намалување од 8,1 отсто на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.

— реклама —

Од 8 до 14 ноември од Ковид-19 заболеле 3.218 лица, што е за 286 помалку од периодот меѓу 1 и 7 ноември.

— реклама —

Минатата недела се тестирани 21 346 лица, за 3,5 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 10,7 до 20,4 отсто, а просечно 14,8.

— реклама —

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (4,6 проценти). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,2 проценти). Според полот, 52,1 отсто од заболените се жени, а 47,9 машки.

Пријавени се 77 смртни случаи, најмногу од возрасната група над 60 години.

Активни на Ковид-19 се 8 331 лице, хоспитализирани се 534, од кои 343 се на кислородна поддршка и 21 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Минатата недела се евидентирани и 2 660 оздравени лица.

ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 209 449 лица.са/лв/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања