Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ИЈЗ: Се задржува трендот на намалување на бројот на нови и починати, опаѓа и процентот на позитивни од тестирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona5

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021г. тестирани се вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.

— реклама —
Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.086; 46,6%), со неделна инциденца – 175,8/100.000

— реклама —
Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21.6% намалување од 4.1%  во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=688, 29,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=440; 18,9%), 40-49 (n=404; 17,3%), 30-39 (n=392; 16,8%) и 20-29 (n=263; 11,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=104; 4,5%).

— реклама —

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

— реклама —

Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, со намалување од 27,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 4 лица на возраст од 40-49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања