Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ИЈЗ: Зголемување од 23,6% на тестирањата, 70,1% повеќе нови позитивни во однос на претходната недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-test

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 26 октомври до 1 ноември 2020г., тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување од 23,6% во однос на претходната недела.

Регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 70,1% споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=2.690; 46,4%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5%.

— реклама —

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=1283, 22,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=1169; 20.2%), 40-49 (n=1089; 18,8%), 50-59 (n=1056; 18,2%) и 20-29 (n=866; 14.9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,6%) и 10-19 години (n=243; 4,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2%) лица од женски и 3.007 (51,8%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 839 или 14,5%.

— реклама —

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.

— реклама —

Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8% во однос на минатата недела. Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92%.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 26.10-1.11.2020г. како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања