Промени тема
Контакт

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блока на собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190420_222336

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блока на собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат:

— реклама —

„СДСМ се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија, и постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори.

— реклама —

На тој нивен игнорантски пристап ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мерка. Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање на активна блокада во собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони како на комисиите, така и на пленарните седници.

— реклама —

ИК на партијата ќе одлучува за пристап кон целосна амандманска блокада во собранието и филибастеринг со цел спречување на едноумието на власта, а што има за цел постигнување дијалог за предвремени парламентарни избори“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања