Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, во денешната објава на ФБ се осврнува на порастот на невработените лица во земјава. Тој на ФБ напиша:
52.051 нови невработени !!!
Луѓето остануваат без работа, Владата е неспособна(мерките не даваат никаков резултат за граѓаните)
на 01.01.2020 година бројот на невработени лица кои бараат работа во цела Република Македонија е 101.748 (бројки од АВРМ)
на 31.10.2020 година бројот на невработени лица кои бараат работа во цела Република Македонија е 153.799 (бројки од АВРМ)
52.051 лица останале невработени за само 10 месеци
170 лице секој ден ја губат својата работа, 170 работни места секој ден помалку
ваква динамика на губење работни места (и нови невработени лица) имаше само во време на транзицијата
пакетите за економска помош од Владата не понудија реална помош за она што е најпотребно, работни места
негирањето на катастрофалната состојба и лошото справување од страна на Владата ќе не однесат во уште полошо сценарио
Владата не е способна да се справи со овој галопирачки проблем, нема знаење
секогаш кога СДСМ е на власт бројот на невработени расте
видете (подолу на сликите) во табелите кој град колку нови невработени има – Велес 1.531 – Гостивар 4.213 – Скопје 12.005 – Битола 2.043 – Кочани 1.101 – Куманово 4.186 … … и изборниот – Штип 1.969