Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Илија Димовски: Мојот апел до СДСМ е да си ги намалат емоциите , да го тргнат чувството дека се сопственици на државата и на Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ilija-dimovski

Ние сме совршено свесни дека СДСМ сака да се однесува како да е сопственик и како да има монопол, не само врз Собранието туку и во целокупната држава Република Македонија, но тоа нас не ни дозволува да постапуваме според вољата на СДСМ.

Комисијата за прашањата за изборите и именувањата, иако во ваков чуден однос во овој мандат досега ги спроведува сите постапки успешно.

— реклама —

Од тој аспект, јас како Претседател на Комисијата за прашања за избори и иманувања се обидувам пред да го започнеме процесот да има минимални изгледи дека тој процес ќе биде успешен и дека нема да биде заглавен како многу други процедури и постапки во Собранието и државата воопшто, вели Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

— реклама —

Димовски додава: Би сакал да ве известам дека во предходните два месеци сум остварил контакти и комуникација со повеќе лица од повеќе пратенички групи во Собранието на Република Македонија во насока да стимулирам што е можно побрзо започнување на процедурата за избор на членови на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТВ,  со замолница до политичките партии претставени во Собранието на Република Македонија да започнат дијалог кој што ќе значи минимални услови за успешност на процедурата.

— реклама —

За возврат, не постои никаков контакт и никаква желба за дијалог од владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија. Должен сум да ве информирам како претседател на оваа комисија дека оваа постапка за избор на членови на АВМУ и Програмскиот совет на МРТВ е во согласност со законот кои што беа гласани едногласно од Собранието на Република Македонија со поддршка од опозицијата.

Ако опозицијата имала намера да кочи ќе кочела уште во таа фаза. Но, новата постапка која е предвидена во законот за овие две тела предвидува двотретинско мнозинство во комисијата, значи од 13 членови со право на глас, треба 9 да гласаат „За“ за сите поединечни предлози, а кога ќе дојде на пленарна седница треба двотретинско мнозинство и бадентерово мнозинство. Значи постапката е исклучително комплицирана и е сосема различна од сите постапки досега.

Односот на СДСМ како кон оваа процедура така и кон се во државата сеуште е на ниво на еуфоријата на почетокот на нивниот мандат кога мислеа, а за жал сеуште мислат, дека се сопственици на Собранието и дека се сопственици на државата.

Јас како претседател на Комисијата за прашања за изборите и именувањата морам да се движам во согласност со процедурите и законите  и да обезбедам успешна работа на комисијата.

Доколку досега ја започнев процедурата за избор на членови на овие две тела сигурен сум дека таа процедура ќе завршеше неуспешно, па ќе требаше да влеземе во нови постапки за објавување на нови конкурси  и дополнително одолговлекување на постапките за избор на членови на овие две тела.

Од тој аспект, мојот апел до СДСМ е да си ги намалат емоциите , да го тргнат чувството дека се сопственици на државата и на Собранието, да научат дека во ова Собрание има 120 пратеници од повеќе од 15 политички партии и да разберат дека Собранието подразбира дијалог и минимум разбирање помеѓу 120 пратеници, вели Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања