Колку сака нека биде пратеник,советник на Заев,лидер на политичка партија и професор,. . . за изјавата дека има информации според кои несреќата кај Ласкарци е терористички акт нарачан и организиран од странство Рубин Земон,ако веќе не е досега приведен, мора ВЕДНАШ да биде приведен и подложен на полициска обработка за неговата поврзаност со несреќата во која загинаа, засега 14 лица, напиша на ФБ новинарот Илија Максимовски.
Тој во својот пост додава:
Пратеничкиот имунитет не е никаква пречка за приведувањето и безбедносна антитерористичка обработка на Земон, особено што истрагата за несреќата е во тек а доколку има и малку вистина во тоа дека се работи за тероризам, се поставува прашањето дали може да се случат и други „ несреќи „ ?
П.С. Лично сметам дека Рубин Земон, иако е пратеник, советник на Премиерот Заев, професор на сомнителен факултет, . . . е будала и политички шарлатан и уште една катастрофална грешка на Зоран Заев и Владата, но, тоа не го штити од законска постапка. Самото објавување на содржина дека : Земон : „ Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара„ - е кривично дело според КЗ.
https://www.facebook.com/ilija.maksimovski.16/posts/1183395551816201
Инаку Максимовски реагира на постот на ФБ на пратеникот Рубин Земон, во кој тој напиша дека постои можност вчерашната автобуска несреќа, во која официјално загинаа 15 лица, а неколкумина се борат за живот, да е нарачана од странство.
Според него треба да бидеме претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, бидејќи можно било на некои сили тоа да не им одговара.
– Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара.
Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективната тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку “будни” и внимателни! – напиша пратеникот.