ФБ статус на Охрид SOS:
На нецела седмица пред посетата на Реактивната мисија на UNESCO во Македонија, Илина Арсова, првата Македонка што ги искачила сите 7 највисоки врвови на 7 континенти и една од само 60 жени во светот кои успеале во овој подвиг има нешто да ни каже на сите:
„Мојот апел и порака до сите ваши читатели: Разбудете се и погледнете наоколу, среќата е во убавините околу нас. Нам ни останува да ја чуваме и заштитиме природата која во изворна форма ја имаме, како што сега треба да го заштитиме Охридско Езеро и да го зачуваме статусот на УНЕСКО!“
Влада на Република Северна Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за култура / Ministria e Kulturës, дали се слушаме? ЗАШТИТА, а не прикривање на грешките!
фото: Република.мк