По повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица.
Со актот на помилување, четворица затвореници се целосно ослободени од понатамошно издржување на казната затвор. Станува збор за:
Раде Здравко Јовановиќ од село Криволак, општина Неготино
Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци
Николче Љубе Костадиновски од Куманово
Зејадин Сали Мифтари од село Черкезе
Покрај нив, делумно помилување – односно намалување на изречената казна – добија уште четворица осуденици:
Емир Надир Јонузи од село Слатино, Тетово – казната му е намалена за 3 месеци
Коле Петре Талевски од Битола – намалување за 3 месеци
Чушков Јордан Сашо од Велес – помалена казна за 3 месеци
Исмаили Џелал Јетмире од Гостивар – намалување на затворската казна за 6 месеци
Оваа одлука е донесена во согласност со член 84 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за помилување. Таа веднаш стапува во сила и ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“.