Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Илјадници граѓани на протести низ Франција, полицијата приведе 135 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 45 минути -

Свет
media-libraryq6cuukg08r04b9uIbnX

Илјадници граѓани излегоа на улиците во Париз и во други француски градови, учествувајќи на протести организирани од синдикатите и студентските организации. Според францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, низ земјата протестирале околу 35.000 луѓе, помалку од претходната сабота, кога биле регистрирани 60.000 демонстранти.

— реклама —

Во Париз, демонстрантите маршираа на траса долга 1,5 километри, од Порт д’Итали до Порт де Венсен. На улиците излегоа луѓе од различни генерации, меѓу кои млади, семејства, работници и пензионери.

— реклама —
— реклама —

Протести се одржаа и во Марсеј, Лион, Тулуз и Лил. Во Бордо демонстрантите се собраа и покрај забраната за протести, додека во Ница полицијата нареди растурање на собирот на плоштадот Масена.

Според податоците на француските власти, биле регистрирани 136 протестни акции, наспроти 264 претходниот викенд. Полицијата привела 135 лица и одзела различни видови оружје. Министерот Нуњез изјави дека засега не се забележани поголеми инциденти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања