Вработените во ЈП „Улици и патишта“ ја земале платата, откако вчера наместо на работните места беа пред дирекцијата, а за денеска планираа да отидат кај градоначалничката Данела Арсовска да протестираат. Вработени нѐ брифираат дека парите легнале денеска на нивните сметки. Наместо одговори од „Улици и патишта“ на прашањата за случувањта во претпријатието, до нас стигна одговор од адвокатот Трајче Арсов кој се претстави како нивни полномошник.
„Платите на сите вработени се исплатени. Точно е дека група на вработени на 16.04 се обидоа го попречат работниот процес во јавното претпријатие и да влијаат на останатите вработени да ги попречат во секојдневното извршување на нивните работни должности. Како ЈП кое доследно ги почитува законските прописи, за секое непочитување на работниот ред и дисциплина ќе биде покрената соодветна дисциплинска постапка согласно закон“, стои во дописот од Трајче Арсов.
Од Град Скопје, каде исто така испративме прашања, нема никаков став до овој момент за случувањата во ЈП „Улици и патишта“.
Претходно:
(Фото) На „Улици и патишта“ им ја исклучија па вклучија струјата оти должат за сметки, а дел од вработените штрајкуваа барајќи ја платата
Наместо на работните места, дел од вработените во јавното претпријатие „Улици и патишта“ работниот ден го поминаа пред дирекцијата, од каде побараа плата која не е исплатена и по законски утврдениот рок односно до 15-ти во месецот.Истовремено, цел ден молк од Град Скопје и директорката на претпријатието Ивана Трајкоска за тоа зошто повторно доцнат платите. А додека пред дирекцијата беа вработените, дојдоа и вработени во ЕВН и ја исклучија струјата поради неплатени сметки. Претседателот на синдик
Скопје | пред 1 година