Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Им врзал цигли околу врат, па ги фрлил во септичка јама: Детали за тројното убиство во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
1-2-2-2-

Полицијата уапси три лица, другари на покојниот Драгослав Јовановиќ кои заедно со него направиле злосторство поради долг за стан кој убиениот Неџа Шубара го имал кон покојниот Јовановиќ.

— реклама —

Откако полицијата во понеделникот вечерта ги пронајде телата на 42-годишниот Неџа Шубара, неговата 75-годишна мајка Даринка и неговата 80-годишна тетка Милја Петковиќ во септичка јама во Сурчин, на имотот на Љубомори Јовановиќ Стаклениот, некогашен припадник на сурчинскиот клан, уапсени се три момчиња поради сомнение дека му помагале на покојниот Драгослав, во злосторството.

Лисици им се ставени на 31-годишниот Милош С., 22-годишниот Лазар Д. и 20-годишниот Никола Ч.

— реклама —

Уапсениот Никола го возел автомобилот, додека Лазар чувал стража додека другите ги фрллале телата во септичка јама. За да се осигураат дека телата нема да испливаат од фекалиите, тие на жртвите околу врат им врзале коноп со цигли и ги фрлиле со главите надоле, а потоа јамата ја затвориле со бетонски поклопувач.

Српската пејачка Гоца Божиновска дошла вчера на имотот на Јовановиќ, каде се пронајдени телата. Таа инаку е во добри односи со Јовановиќ и многу е потресена поради се што се случило во последно време.

– Тие се прекрасно семејство. Верници. Не знам зошто ова им се случува. Драгослав беше прекрасно момче. Секогап ме поздравуваше кога ќе се сретневме, дури и ми нудепше помош да ми носи ќеси, ако имам – рекла кратко Божиновска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања