„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Има 89 год, нема семејство, нема лична карта, нема осигурување нема пари -како и од што живее баба Ружа ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
baba-rada

ФБ Статус:

— реклама —

Ова е баба Ружа. Баба Ружа има 89 години и живее сама во трошна куќичка многу многу далеку од центарот на градот. Баба Ружа нема семејство, нема роднини, нема пријатели, нема лична карта, нема здраствено осигурување, нема финансии. Баба Ружа е препуштена сама на себе. Додека имала сила се трудела да поработи нешто, да испере, да зготви, да исчисти, да ја одгледува својата градина, но годините го прават своето. Баба Ружа е тешко подвижна и тоа и е голем проблем за да може да продолжи да живее сама. Зимата е тешка сама по себе, но најтешка за неа. Проблем се дрвата кои ги нема и не знае со што би се греела цела зима. Прв пат кога ја запознав бев лута, тажна и среќна. Лута на времето во кое живееме и државата во која живееме каде што се повеќе и повеќе има случаи на кои им е потребна помош. Тажна затоа што баба Ружа е сама и гладна, но среќна затоа што можам и сакам да и помогнам. Баба Ружа вели дека сега најискрените пријатели и се волонтерите и вработените од Црвениот крст кои ја посетуваат и и помагаат. Кога таа ќе се насмее и израдува кога ќе не види, мене ме огрева сонце.

Јас денес ја израдував баба Ружа и срцето ми е полно, а што направивте вие?

— реклама —

https://www.facebook.com/adila.ramicevic/posts/3144604388944422

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања