Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Има два планови за да се стигне мнозинство за Уставот, кога ќе се закаже седницата значи има доволен број пратеници, смета Маричиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Неизвесно е кога собранискиот спикер Талат Џафери ќе ја закаже седницата за уставни измени, но кога тоа ќе го направи, тоа ќе значи дека власта е блиску до мнозинство. Ова го соопшти вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, според кого, постојат два начини да се стигне до мнозинство во Собранието.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Седницата ќе биде закажана кога ќе има услови. Ние работиме на услови за успешно гласање во Собранието. Кога ќе закажеме седница тоа ќе биде индикатор дека сме приближени кон мнозинство. Мислам дека поддршката оди кон 72/73 пратеници“, рече Маричиќ.

— реклама —

Тој додаде дека се работи на обезбедување на мнозинство.

„Постојат два начини. Едниот начин ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да даде поддршка под одредени услови кои беа разговарани и на лидерската средба од пред два месеци. Вториот начин е дел од пратениците одлучат да гласаат за овие уставни промени како пред пет години за претходните уставни промени. Јас не гледам трет начин, но тие се двете опции. Ние ќе работиме на двете нивоа. Сметам дека не е невозможно, туку дека е возможно и дека имаме време и простор да разговараме и да дојдеме до решение“, додаде Маричиќ.

— реклама —

Посочи дека е рано да се каже дали ќе биде донесена одлука за Албанија да преговара со ЕУ, без Македонија.

„Возможно е до крајот на ноември да се комплетираат уставните измени. Не знаеме дали до крајот на заклучоците, ќе се носат одлуките за проширување и свикување на наредните меѓувладени конференции. Прерано е да се каже дека уште сега ќе се донесе одлука за Албанија а за нас нема“, посочи Маричиќ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања