„Има интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста и да ја претстават родилката како агресивна“, адвокат со шокантни тврдења

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
bolnica-bitola

Нови информации излегоа во јавноста околу случајот со родилката од Битола, чие бебе почина во битолската болница.

— реклама —

Адвокатот на мајката на починатото бебе, Јанаки Митровски, се огласи на Фејсбук со низа скандалозни информации околу целиот случај.

— реклама —

„Како адвокат на родилката Викторија Крстевска чие бебе почина во болницата во Битола, извршив увид во списите на предметот при ОЈО Битола. Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста а не зел учество во пораѓањето. Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано “да си оди во Плодност ако не и чини” и останати омаловажувања.

— реклама —

Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!!

Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната.

Затоа денеска се обративме до ОЈО Битола со наш предлог на докази со цел да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има!“ напиша тој на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања