Има ли спорно во апаратите за отпечатоци: Во Авганистан резултати се чекале пет месеци, ги набавила истата фирма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
62F13DA1-638C-4951-A49B-C22861A3E436

Германскиот весник „Велт“ објави дека тамошната компанија „Дермалог“ склучувала договори без тендер за испорака на биометриска опрема, како апарати за отпечатоци од прсти, а како спорна ја споменува и набавката за локалните избори во Македонија, пренесе „Дојче Веле на македонски“.

— реклама —

Иако во Македонија имало тендер, „Велт“ пишува дека „Дермалог“ го добила договорот под чудни околности.

„Последниот договор кој го добила фирмата во Северна Македонија исто така привлече внимание. Овојпат, имаше конкурентска тендерска постапка. Но, комисијата за набавки одбила неколку конкуренти уште на стартот затоа што, наводно, не ги исполнувале условите на тендерот. На 11 август, надлежните му одобрија на Дермалог да ја достави биометриската технологија. Вредноста на договорот е речиси 11 милиони евра“, се вели во текстот на германскиот весник.

— реклама —

Според „Велт“, Македонија била предупредена од Мухамед Наим Аџубсада, поранешен шеф на Изборната комисија на парламентарните избори во Авганистан. Во Авганистан, резултатите од претседателските избори во 2019 година доцнеле пет месеци поради проблеми со системот на биометриска идентификација, па Аџубсада тврди за „Велт“ дека ја предупредил и владата во Северна Македонија за конфузијата што се случила во неговата земја, но не бил послушан.

„Велт“ пишува и за подизведувачите што ќе ги ангажира „Дермалог“ во Македонија.

„Компанијата најавила дека ќе ангажира двајца подизведувачи. Обата ќе добијат по 14 проценти од целата сума- вкупно 3 милиони евра. Квалификациите на овие две компании не се веднаш јасни: едната му припаѓа на поранешен одбојкар кој извесно време нудел идентификациска технологија заедно со партнер од Белгија. Но како единствен соработник во неговата фирма, барем на мрежата ЛинкдИн, фигурира една жена со искуство како манекенка. Прашан за ова, поранешниот одбојкар тврди дека зад него стои ‘голем тим’. Вториот локален партнер, според сопствената интернет-страница, нема ништо заедничко со биометрија, туку нуди психолошки совети и односи со јавност“, објави германскиот весник.

За еден од подизведувачите, „Велт“ пишува дека основачот во минатото се сметал за добро поврзан со долгогодишната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Член на оваа партија бил директно поврзан со тендерот, а нејзиниот партиски шеф лично го бранеше“, се вели во текстот.

Денеска, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски соопшти дека пристигнал серверот за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.

„Дермалог“ е приватна компанија со 22 отсто државен удел преку германската Сојузна печатница, а контролата на работењето е во рацете на германското Министерство за финансии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања