Нема опасност за жителите од излевањето на Маркова река, а водостојот е вратен во коритото. Ова го соопшти дирекцијата за Заштита и спасување (ДЗС), од каде велат дека има материјална штета врз жители на Батинци.
[caption id="attachment_325922" align="alignnone" width="878"]
Screenshot[/caption]
„По првичната информација за излевањето на Маркова река во Општина Студеничани, село Батинци, екипата за процена на ризици на Дирекцијата за заштита и спасување одблиску на терен ја следеа состојбата“, Директорот Џеват Селами беше во постојана комуникација со екипите на терен, градоначалникот на општина Студеничани, г-дин Азем Садики, директорот на А.Д. Водостопанство, г-дин Филип Филиповски, сѐ со цел да се обезбеди координиран и ефективен одговор.
Еден тим за брз одговор интервенираше со пумпи за извлекување на вода, и истите ќе интревенираат по потреба во текот на денот.
До сегашните информации ситуацијата е под контрола и нема опасност за жителите, освен моментално евидентирана материјална штета“, велат од ДЗС.