„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Има неталентирани судии и обвинители кои залутале во професијата, нема реализиран авторитет кој сака да ги стави работите под котрола, вели Туфегџиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Коментари
Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Адвокатот и екссудија, Владимир Туфегџиќ, смета дека состојбата во правосудството е кулминација на отсуство на реакција, која трае со години. Според него, вистинските проблеми се под тепих и прашање на ден било кога сето ова што се случува ќе исплива на површина.

— реклама —

Неговиот став во целсот:

„Сето она што во последно време се случува во обвинителството, јавен конфликт на високопозиционирани јавни обвинители и постапката за начинот на напредување на јавните обвинители пред Уставниот суд е аларм дека вака не можеме да продолжиме понатаму бидејќи уриваме еден од основите и темелите на државата. Се започнува од едукативниот процес, тоа е основа за се, квалитетот на едукацијата и образованието создаваат или судски авторитети или потпросечни судски чиновници, овие вториве имаат изграден систем да ги блокираат и потиснат оние што се врвни професионалци кои постојано се едуцираат и имаат што да кажат.

— реклама —

Моите професори Марјановиќ, Арнаудовски, Камбовски ме учеа дека во казненото право, особено во истрагата мора да се употреби закон, знаење и логика, мораш брзо да мислиш, да имаш капацитет да создадеш имагинарна слика за нештата и настаните за да ги наредиш коцките, да бидеш со мислите на местото на настанот бидејќи само така можеш да сознаеш и провериш дали тоа што некој го кажува е возможно или невозможно, точно или неточно, стварно или нестварно, битно или небитно, кратко речено мораш да имаш сенс да ги разбереш работите. Професорот Марјановиќ умееше да каже, колега више среќе други пут, се убаво си набубал на памет ама ништо од тоа не си разбрал, кога ќе ги разбереш нештата тогаш дојди.

Има голем број млади обвинители и судии произведени во академијата за кои можам да кажам дека се исклучително елоквентни, посветени, надежни и перспективни, но факт е дека има природно неталентирани кои залутале во професијата и за кои за жал нема надеж дека ќе се корегираат, едноставно не само што немаат доволно знаење туку и не се трудат да научат, не прифаќаат поинакво мислење и немат такт да го сослушаат соговорникот, до ден денеска не ми е јасно со каква магија ги поминале филтрите во академијата. Паметниот прашува, се консултира и не се срами да побара совет, умислениот кој по правило е потпросечен и тенок со знаење и логика, никого не прашува.

Академијата за судии и јавни обвинители во времето на Анета Арнаудовска беше место за едукација каде што се бараше столче повеќе за предавања и обуки. Со години бев предавач во академијата за четирите апелациони подрачја со класа од судии и професори, Лиле Шопова, Зуица Наумова, Мира Дуковска, Кате Оровчанец, Јани Нича, Лидија Неделкова, Драган Тумановски, Агим Мифтари, Владо Камбовски, Гордан Калајџиев, Гордана Лажетиќ и ред други.

За сите нив приватно може да мисли кој што сака но како предавачи беа класа и на нивните обуки и предавања се бараше столче повеќе.

Откако на чело на академијата дојде лице без правосуден испит кој во живот не влегол во судница и во јавно обвинителство со подршка на тогашниот естаблишмент, можам одговорно да кажам дека работите тргнаа драматично надолу со низа скандали во изборниот процес на новите генерации академци кои до денес немаат епилог. Како и да е, време е за темелен ресет но за жал во овој момент во правосудството не можам да препознаам реализиран авторитет што би сакал во ваквата состојба на работите да стави трн во здрава нога и да ја превземе одговорноста за да се стават работите под контрола

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања