Промени тема
Контакт

Имаат само 16 и 17 години, а прават хуманитарни акции: Лука и Дони се пример за сите тинејџери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-libraryf8t33l9f6gc6afNDUvH

Имаат само 16 и 17 години, но наместо врева, насилство и вандализам, тие избираат да оставаат трага на сосема поинаков начин – со хуманост.

Лука Јоакимовски има 16, а Дони Божинов 17 години. Во време кога младите често се поврзуваат со слики на насилство, вандализам и уништување, овие двајца средношколци покажуваат дека младоста може да изгледа и поинаку.

Тие се дел од Меморијалниот турнир „Златко Божинов – Божо“, преку кој заедно со донатори, спонзори и поддржувачи организирале хуманитарна акција за да им помогнат на најмалите.

— реклама —

Обезбедени се училишни ранци и прибор за првачињата од македонската паралелка во ООУ „Панајот Гиновски“ во Општина Чаир, а помош е обезбедена и за едно семејство од Топанско Поле.

media-librarym40vjaso8uqi9iNUyVU

Нивната порака е едноставна – не мора да имаш многу години за да направиш нешто големо.

Додека едни зборуваат за тоа како да се искоренат насилството и вандализмот меѓу младите, Лука и Дони со својот пример покажуваат што може да се направи кога енергијата на младоста ќе се насочи кон нешто позитивно.

— реклама —

Нивната приказна не е само хуманитарна акција. Таа е потсетник дека примерот најчесто зборува погласно од зборовите.

И дека понекогаш токму најмладите можат да покажат какви луѓе сакаме да бидат младите околу нас.

media-libraryk59hh5kvh0rgcm1HNoC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања