Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Имало 12 пожари на отворено, активен остана само пожарот кај Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryp5bkvlfgsfid72gPJ8J

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 18:00 часот денес во државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, додека 11 се изгаснати.

— реклама —

Според информациите на ЦУК, активен останува пожарот во Општина Кочани, кај селото Рајчани, во близина на црквата „Света Троица“, каде што гори ниска вегетација.

— реклама —

Во текот на денот изгаснати се пожарите во:

— реклама —

* Струмица, кај селото Добрејци (ниска вегетација и ѓубре);
* Кратово, кај селото Железница (депонија);
* Ново Село, кај селото Бајково (шумски пожар);
* Струга, кај селото Делогожда (ниска вегетација);
* Велес, кај гробиштата на црквата „Свети Спас“ (ниска вегетација);
* Тетово, кај селото Фалише (ниска вегетација);
* Желино, кај селото Требош (ѓубре);
* Врапчиште, кај селото Врапчиште (ниска вегетација и ѓубре);
* Куманово, кај селото Ново Село (ниска вегетација);
* Арачиново, кај селото Грушино (стрниште);
* Илинден, на Ајватовски Пат (ниска вегетација и стрниште).

— реклама —

Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење и престој на отворен простор и да не палат оган на места каде што постои опасност од негово ширење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања