Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Имам најмалку 2 милиони причини кои се против уставните измени и заради кои гласам против, вели Мизрахи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ вели дека има најмалку 2 милиони причини кои се против уставните измени и заради кои ќе гласа против.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Имам најмалку 7300 причини од кои по Холокаустот ни пепел не остана да гласам против уставни измени. Имам најмалку 2 милиони причини кои се против уставните измени и заради кои гласам против. Најмалку 5 години се изнаслушавме за “заедничка историја, дијалект јазик со фуснота, Илинденско – Преобреженско Востание, Македонците се Блгари, ние не бевме окупатори туку администратори. Се изнаслушавме па и сред Скопје за тоа како партизаните ни переле мозок, како сме неосвестени. Брусеа, бришеа, рушеа, комисии правеа, доста е, не. Се нагледавме клубови со имиња на фашисти, глума и театар.  Сега е доста, гласам не, не заради блокирање на нечии права, туку заради зачувување на нашата држава, историја, култура, засебност“, рече Мизрахи.

— реклама —

Како што вели таа не е против ЕУ, туку напротив ЕУ е нашата иднина.

— реклама —

„Јас сум против договорот и протоколот кои СДСМ го потпиша со Бугарија, кој немаше допирна точка со ЕУ. Овој договор и протокол не се наши, овој договор и протокол се на мала група од СДСМ и Бугарија. А тој договор и протокол не само што не отвора врата кон ЕУ туку не брише сите. Ги опоменувавме, протестиравме, разговаравме, објаснувавме да не го прават ова, не не слушаа, како што не го слушаат народот и денес. Штом така, што си договориле нека испорачаат но без мене“, додаде Мизрахи во својата објава на Фејсбук.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања