По повод независноста на Република Македонија, професорката Мирјана Најчевска објави статус на социјалните мрежи во кој вели дека државата имала неверојатно добра стартна позиција пред 31 година на надворешен и внатрешен план.
„Пред 31 години ја донесовме единствената можна одлука во тој момент и таа ситуација.
И имавме неверојатно добра стартна позиција. И на внатрешен и на надворешен план.
Ја прокоцкавме.
За најголем број од работите сами сме виновни.
Штета.
А толку си го сакам земјичето“, објави Најчевска.