„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Импресивен роденденски концерт на „Охридско лето“ со ангелскиот глас на Ана Дурловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Охрид
1L3A2067

Со ангелскиот глас на првенката на Македонската опера и балет, сопранот Ана Дурловски која настапи во придружба на ерменско-германската пијанистка Анахит Тер-Татшатјан, вчеравечер пред многубројна публика во црквата „Света Софија“ беше одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“.

— реклама —

Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, честитајќи им го роденденот на вработените во оваа национална установа, но и на сите претходни директори и уметнички селектори кои се вградиле во успешната фестивалска приказна, порача, идните генерации внимателно да се грижат за оваа врвна установа која, како што додаде, претставува енциклопедиско национално богатство и редок пример за одржување на трајните вредности.

— реклама —

-Вечерва првпат се враќаме на корените, онака како што е формиран овој бесценето реномиран и општествено важен фестивал, во далечната 1961 со концерт на македонската оперска првенка Ана Липша-Тофовиќ, а денес со концерт на најреномираната македонска пејачка Ана Дурловски, овде во оваа света црква, под оваа божествена акустика. Ана, благословена со уникатна боја на гласот и магнетно сценско присуство допира до најпрестижните оперски и концертни сцени во светот. Виенската државна опера, Метрополитен опера во Њујорк, Дојч Опера Берлин... се само дел од престижните институции каде Ана со себе носи дел од нашата татковина и претставува вистински културен амбасадор, рече директорот Цуцковски.

Со својата колористичка перфекција и префинетост, сопранистката Ана Дурловски пееше инспиративно, со душа и срце, суверено владеејќи со подиумот во катедралната црква „Света Софија“.

-„Охридско лето“ е симбол на нашиот културен идентитет, на нашата духовна енергија. За секој уметник што настапува тука е како средба со историјата, со традицијата, со оваа енергија што ја има овој град. За мене е огромна чест и поттик да бидам уште подобра и одговорност да се носам со тежината на еден ваков фестивал. Неколку пати сум настапувала на фестивалот и можам да кажам дека моите почетоци на некој начин се на овој фестивал. Уште како студент во четврта година, ја имав честа, круна на моето дипломирање да биде заокружено со целовечерен концерт во црквата „Света Софија“, рече националниот уметник Ана Дурловски.

Традиционалниот роденденски коктел за сите што вчеравечер го проследија импресивниот концерт на извонредните уметници, го организира Винарската визба „Тиквеш“, еден од ексклузивните и долгогодишни спонзори на фестивалот „Охридско лето“ која годинава одбележува 140 години од своето постоење.

Приказната „Охридско лето“ која низ годините прерасна во една од најзначајните музичко-сценски манифестации во Европа и регионот започна токму на 4. август 1961 година под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ со концерт на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ и нејзиниот пијано соработник Ладислав Перлдик.

Оттогаш наваму во оваа успешна приказна се вградиле бројни уметници од целиот свет, збогатувајќи ја фестивалската историја со незаборавни концерти и театарски претстави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv6ckb357v0a531hOCyU

(Видео) Фан на Теа Таировиќ направи колут напред и назад, проба да стои на раце – публиката во Скопје во делириум

Магазин | пред 1 месец

media-librarylu0b9tvrla0ve776MZk

Македонската музика го освои Хонг Конг: триумф на Симон Трпчески и „Makedonissimo“

Магазин | пред 1 месец

media-library381v44m3vsoocJmm4F1

(Видео) Toj пристигнува во Скопје: Спектакл што ќе ја разниша арената „Борис Трајковски“ во декември

Настани | пред 2 месеци

media-libraryt2a3l73p7km53VNofzK

(Видео) Од аплаузи, до солзи: Слаткар и Тони Зен со три часа музика, емоции и текстови што ја трогнаа цела сала

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања