Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Инцидент во скопска здравствена установа: шефица нападнала колешки, интервенирало обезбедувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
doktori-skopje-klinika

Жителка на Скопје пријавила во полиција дека била изложена на закани и агресивно однесување од нејзина колешка и претпоставена во здравствена установа на подрачјето на Центар.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 3 јуни во 15 часот во СВР Скопје, 49-годишната М.К. пријавила дека инцидентот се случил на 27 мај околу 13:40 часот на нејзиното работно место.

— реклама —

Како што навела во пријавата, во нејзината канцеларија влегла колешката Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена, по што агресивно се однесувала и ѝ упатила закани.

— реклама —

Според пријавеното, Н.С. во истиот момент упатила навреди и закани и кон друга вработена, А.А., која била истуркана од канцеларијата. По инцидентот интервенирало обезбедувањето на здравствената установа.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања