Инцидент во Задар: Маскирани младинци напаѓаа и навредуваа лица од протестниот марш ,,Обединети против фашизмот”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryur1kgtvitc0kbzXo37G

Низ повеќе градови во Хрватска денес започнаа антифашистички маршеви во организација на иницијативата „Обединети против фашизмот“. Ова се организира со цел да се испрати јасна порака против растечкиот екстремизам и ревитализацијата на фашистичката реторика во јавниот простор. Маршот денес во 12 часот започна истовремено во Загреб, Риека, Пула и Задар. Во Задар, собирот беше најавен на Обала Кнеза Бранимира, но уште пред почетокот на протестот дојде до инцидент.

— реклама —

На влезот кон Полуостровот се појави група маскирани млади луѓе облечени во црно.

— реклама —

Групата скандирала песни и националистички пароли, меѓу кои „Зови, само зови“. Дел од нив носеле маици и обележја поврзани со ХОС, како и транспаренти со натписи: „Југославија е мртва“ и „1991. Хрватска ја нападнаа антифашистите“.

— реклама —

Во еден момент, според објавените видеа, дошло до краткотрајно туркање и инцидент со интервентната полиција, која ги раздвоила двете групи на просторот околу Задарскиот Форум, каде што биле присутни и организираната антифашистичка колона и групата маскирани млади луѓе.

На снимките се слушаат и дофрлања и навреди: „тифусари“ и „смрдливци“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања