Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Инфлацијата достигна 16,8%, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
inflacija

Инфлацијата во Македонија руши рекорди, а за жал е една од највисоките стапки во цела Европа. Во месец август измерена е официјална стапка на инфлација од 16,8%, што е далеку повеќе од земјите во целиот регион. За една година граѓаните во Македонија плаќаат двојно поскапо за основните животни продукти, леб, масло, млеко, месо, поскапо гориво електрична енергија. Со други зборови тоа што порано можеше да се купи со 500 денари денес не може ни со 1000 денари, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Стандардот на граѓаните вртоглаво паѓа, а на власта на Ковачевски око не и трепнува за тоа. Згора на се, Македонија освен што најбрзо осиромашува има и најнизок раст на БДП за вториот квартал од само 2,8%. Месец Јули го завршивме со пад на индустриското производство во споредба со лани, а близу една четвртина од компаниите немаат исплатено јулски плати.

— реклама —
— реклама —

Власта на Ковачевски е концентрирана само на криминалот и личното богатење. За тоа трошат милионски суми и богатат компании блиски до нив. Народот го оставаат да тоне се подлабоко и подлабоко во немаштија. Се правдаат дека било криза, но криза е и за другите држави кои имаат подобри резултати. Се правдаат дека нема пари, а трошат буџетски пари за секакви удопства и луксузи за себе. Вистината е дека главната причина за ваквото дереџе е тоа што на власт се наоѓа антимакедонска партија СДС“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања