Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Инфлацијата го јаде стандардот, 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
275457978_334800285295916_4645162328057668301_n

Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните. Според статистиката растот на инфлацијата е повисок од растот на платите и пензиите. Реалноста на секој граѓанин е далеку пострашна од статистичките гимнастики на власта. За само година ипол горивата поскапеа за 70%, струјата поскапи за 30%, парното за 15%, цената на лебот е зголемена и за 110%, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50%, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Македонија тоне во сиромаштија. Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Власта на СДСМ и ДУИ наместо да се грижи за народот се грижи како своите функционери да ги претвори од голтари во милионери.

— реклама —
— реклама —

Економијата е во колапс. Поради погрешните економски политики и мерки на власта Македонија е на дното во регионот по растот на БДП. Македонија во 2021 година има раст од само 4% на БДП што е далеку помала во споредба со земјите од регионот, а патем Македонија имаше најголем пад на економијата годината претходно. Тоа само покажува дека само Македонија од сите земји во регионот не успеала да го надополни падот од 2020 во споредба со 2021.

— реклама —

Секој економски параметар пропаѓа, освен долгот кој галопирачки расте. Така 2021-ва ја завршивме со долг од 61% од БДП или надмина 7 милијарди евра и за жал власта најавува дека уште ќе расте“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања