Промени тема
Контакт

Инфлацијата го јаде стандардот, цените на зејтинот, брашното и млекото како основни намирници зголемени и над 40% , реагира опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
denari

„Ковачевски е неспособен, инфлацијата го јаде стандардот, цените на зејтинот, брашното и млекото како основни намирници зголемени и над 40%. За само година и половина цената на зејтинот која во 2020 година изнесувала 57 денари, сега е 98 денари, односно за над 46% повеќе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„И во истиот овој период, платите не се зголемија ниту денар.

Скок на цената има и кај млекото, истото во 2020 година се продавало за 45 денари за литар, а сега се продава А 55 денари за литар, што е над 20% покачување.

— реклама —

Пензиите во овој период не се зголемија ниту денар.

Голем раст на цените има и кај брашното. Килограм брашно во 2020 година чинел 34 денари, сега чини 47 денари, односно за скоро 40% повеќе.

— реклама —

Во целиот овој период економијата не порасна.

Со СДСМ на власт економијата само тоне.

— реклама —

Цените на основните суровини во прехранбената индустрија се покачени, тоа предизвика покачување на сите други производи во чиј состав влегуваат истите.

СДСМ ја предизвика и не ја спречи кризата. СДСМ мора да си замине и да има предвремени парламентарни избори час поскоро“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања