Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Инфлацијата се намалува, економските политики даваат резултат, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
stack-money-coin-with-trading-graph

Економските политики на Владата предводена од СДСМ за зачувување на животниот стандард на граѓаните даваат конкретни и видливи резултати, вели СДСМ.

— реклама —

„Официјалните податоци од Државниот завод за статистика ги потврдуваат нашите заложби и прeземените чекори за намалување на инфлацијата и зголемувањето на платите во нашиот мандат.

Инфлацијата за месец мај 2023 е на ниво од 11,3% споредено со истиот месец од 2022 година, но трендот на намалување на инфлацијата е очигледен.

— реклама —

Од 19,8% во октомври 2022 година, на 11,3 % за претходниот месец, што е сериозно намалување на инфлацијата.

— реклама —

Од друга страна го имаме растот на платите кој за првите три месеци се движи во интервалот од 12,4% до 13,2% повисока просечна плата споредено со истиот период од лани.

Сето тоа е поради навремените и ефикасни економски политики на Владата предводена од СДСМ која со сиот свој капацитет се справи со негативните последици од најголемата економска криза во Европа по Втората светска војна.

— реклама —

СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат заштита и унапредување на животниот стандард“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања