Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Иницијативата „Правда за Градиште“ бара одговори: По кои дозволи работи автокампот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Охрид
media-librarypr8pm1rn32ug7uYzvGc
ФБ

Иницијативата „Правда за Градиште“, составена од лица кои тврдат дека поседуваат имотен интерес во рамките на автокампот „Градиште“, објави јавно соопштение во кое бара одговори од надлежните институции за законитоста на работењето на туристичкиот комплекс.

Реакцијата доаѓа откако денеска официјално започна со работа автокампот „Градиште“.

„Денес со работа започна таканаречениот автокамп ‘Градиште’, и покрај сериозните прашања што со години се поставуваат во врска со законитоста на користењето на земјиштето, изградбата на објектите и постапувањето на надлежните институции“, наведуваат од иницијативата.

— реклама —

Тие посочуваат дека особено загрижува тоа што на локација за која, според нив, постојат долгогодишни спорови и нерешени прашања поврзани со државно земјиште и постапки за денационализација, се врши комерцијална дејност и се издаваат сместувачки капацитети.

Од „Правда за Градиште“ тврдат дека барателите во постапките за денационализација сè уште чекаат целосно спроведување на правосилни и извршни одлуки донесени од надлежните органи и судови.

„Ваквата состојба создава сериозен сомнеж во владеењето на правото и еднаквоста на граѓаните пред законите“, наведуваат тие.

Иницијативата поставува неколку прашања до надлежните институции:

— реклама —

Врз основа на кои дозволи и акти работи автокампот „Градиште“?

Дали се исполнети сите законски услови за вршење на дејноста?

Дали се спроведени сите правосилни и извршни одлуки поврзани со предметното земјиште?
Кој ќе сноси одговорност доколку се утврди незаконито користење на земјиштето, незаконска градба или злоупотреба на службената положба?

Од иницијативата велат дека граѓаните имаат право да знаат дали законите важат подеднакво за сите и дали институциите постапуваат согласно своите законски обврски.

„Очекуваме итна и транспарентна реакција од надлежните органи и целосно расветлување на сите околности поврзани со случајот ‘Градиште’. Владеењето на правото не смее да биде селективно. Законите мора да важат за сите подеднакво“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ohrid-carsija-policija

Полицијата со две интервенции во Охрид: Приведено лице со дрога и угостител кој послужувал алкохол на малолетници

Охрид | пред 9 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања