Иницијативниот одбор за свикување и одржување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Мицковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-1

Иницијативниот одбор за свикување и одржување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од актуелниот претседател Христијан Мицкоски, а одговорот од партиската централа укажува дека на повидок е уште еден раскол во партијата. Иницијативата за свикување конгрес, од пред партиското седиште објави поранешната пратеничка Весна Дамчевска-Илиевска.

— реклама —

– ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски како претседател и кандидат за премиер на овие избори излезе со програма и кандидати за пратеници што не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните. Кадрите на Мицкоски и во техничката влада не успеаја да се наметнат како лица што на граѓаните ќе им покажат нов и различен начин на водење на институциите и ќе одговорат на предизвиците со кои беа соочени. Вината може да се префрла, но вистината е една. Вистината е дека е најодговорен тој што го состави тимот, а тоа е Христијан Мицкоски – рече Дамчевска-Илиевска.

Преку статус на социјалните мрежи слично барање до Мицкоски објави и Марина Кавракова, актуелна претседателката на градскиот комитет на Унијата на жени во Скопје и членка на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа потсети што кажал и ветил Мицкоски на конгресот кога беше избран за претседател и каква е реалноста денеска.

— реклама —

Текстот во целост на: novamakedonija.com.mk. 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања