Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Инспекции ја тресат струшката Итна помош за тимот што застана на кафе додека пациентот лежеше во комбето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Вонредниот инспекциски надзор на Службата за итна медицинска помош во Струга од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) почнал вчера, извести министерот за здравство, Фатмир Меџити. Инспекцијата влезе во Здравствениот дом откако тим од Итната помош застана да пие кафе на бензинска станица додека во комбето остана да лежи пациентот што го пренесуваа од Скопје до Струга, а министерот Меџити најави истрага и ригорозни мерки доколку се утврдат злоупотреби.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Инспектори од ДСЗИ вчера беа на самото место. Сè уште го немаме конкретниот извештај. Бевме во комуникација со директорот на Здравствениот дом и го чекаме извештајот“, рече министерот Меџити и најави дека извештајот ќе го сподели со јавноста кога ќе го добие.

— реклама —

— реклама —

Меџити за овој случај беше известен во понеделникот од новинарка на брифингот за реформи во примарното здравство. Следниот ден за „Макфакс“ потврди дека имало такво кафе-пиење од Службата за итна медицинска помош. Рече дека застанувањето било на барање на ќерката на пациентот во комбето, а за која Меџити објасни дека барала да застанат оти цел ден не јадела и не пиела. Министерот објасни дека и покрај барањето на ќерката, здравствените работници не смееле на тој начин да направат пауза.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања