„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Инспекција влезе во компанијата со која граѓани поминаа патешествие од Истанбул до Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
ganikj

По голготата на македонските туристи кои за Истанбул со „Ганиќ-Ексклузив“, Министерството за транспорт и врски започна со вонреден надзор. Истовремено, од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека во континуитет вршат контроли во доменот на нивната надлежност. Ова доаѓа откако патници се пожалија дека компанијата сакала да ги превезува со неисправен автобус, а по низа инсистирања (за некои се објавени и снимки), испратено е ново возило. Од Министерството за транспорт посочуваат дека проверките ќе бидат детални.

— реклама —

„Во рамки на своите законски надлежности Министерството за транспорт ги презема сите активности за реализација на внатрешниот и меѓународниот транспорт на патници. Исто така Министерството за транспорт во континуитет го следи случајот со туристичкиот автобус. Според првичните информации се работи за техничка неисправност на автобусот што е надвор од надлежностите на Министерството за транспорт. Она што министерството согласно своите законски надлежности ќе направи е ќе се побара вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторатот за транспорт и ќе се извршат детални проверки. Доколку се утврди прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај, ќе се изречат соодветни законски санкции“, велат од Министерството за транспорт за „Скопје1“.

Од Министерството за внатрешни работи, посочуваат дека секое моторно возило мора да биде технички исправно за да биде во сообраќај.

— реклама —

„Во рамките на нашите законски овластувања, редовно спроведуваме контроли на техничките прегледи и работата на овластените станици, надзор над спроведувањето на прописите за безбедност во сообраќајот, проверки на исправноста на возилата во сообраќај, секоја констатирана неправилност се третира согласно важечките закони, со преземање на соодветни правни мерки“, велат од МВР.

Патниците кои биле со компанијата за Истанбул, за назад патувале повеќе од 30 часови, сведочат самите. За нивниот револт има сведочења на социјалните мрежи, а некои од нив најавија и групна тужба за компанијата, а со цел вакво патешествие да не се повтори. Од компанијата пак, тврдат дека дефектот бил технички и надминат, а патниците се враќале со друго возило. Истовремено, спротивно на сведочењата, оттаму велат дека патниците правеле дури и забава, а не дека биле лути и гневни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања