Промени тема
Контакт

Инспектор фалсификувал извод од план на населба Маврови Анови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dolna-reka-mavrovo-rostushe

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Ќ.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

— реклама —
— реклама —

Во текот на октомври 2014, пријавениот, овластен градежен инспектор во општина Маврово и Ростуше, свесно изработил и потпишал невистинит и фалсификуван извод од план на населба Маврови Анови, по што до Одделение за управна постапка Гостивар поднел барање за приватизација на градежно земјиште, а во прилог го доставил изработениот невистинит извод.

— реклама —
— реклама —

Одделението за управна постапка во Гостивар во корист на пријавениот донело решение за приватизација на градежно земјиште стекнато без надомест, кое што потоа пријавениот го прикажал во Агенција за катастар и се стекнал со градежно земјиште со вкупна квадратура од 203 м², имот кој пријавениот го впишал на свое име, заведен во имотен лист. Со ваквите дејствија пријавениот се стекнал со бесправна имотна корист - градежно земјиште со вкупна квадратура од 203 м² или 1.248.450 денари констатирано во извештај за проценка на градежно земјиште.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања