Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Инспектор од Карпош го нарушил угледот на МВР - покрената дисциплинска постапка против

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
skopje-5

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршени соодветни проверки утврди дека полицискиот службеник З.Р., самостоен инспектор во ОКР Карпош, постапил спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, при што го нарушил угледот на МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола утвтрдено е дека тој објавил видео на 08.04.2020 во 20,20 часот со вклучување во живо на својот фејсбук профил, додека се враќал од работа кон дома движејќи се по бул. Партизански одреди. Од увидот во распоредот за работа во ОКР Карпош утврдено е дека З.Р. тој ден бил работно ангажиран до 20,00 часот.

Против З.Р. ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за постапување спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, како и за рушење на угледот на МВР.

Апелираме ,граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи, да ги почитуваат законските прописи и да се придржуваат кон мерките и одлуките на Владата.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања