Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Инспекторат ќе врши надзор на примената на Законот за употребата на јазиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

На денешната седница Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците, и донесе одлука да биде пуштен во постапка за усвојување во Собранието.

Закон за инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците во Република Северна Македонија, кој треба да ја гарантира рамноправноста, еднаквоста и непристрасноста при примена на инспекцискиот надзор како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

— реклама —

Бидејќи станува збор за формирање на нов орган во состав на Министерството за правда, законски е предвидена и организациската поставеност на инспекторатот, како и условите кои треба да се исполнат за избор на Директорот и инспекторите во рамките на инспекторатот.

— реклама —

Министерството за правда денеска на дневен ред го постави и Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, а Владата го усвои и донесе одлука и тој да биде пуштен на усвојување во собраниска постапка.

— реклама —

Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и за редефинирање на начинот на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на  знаењата на кандидатите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања