Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Инспекторатoт утврдил дека црвената боја во Вардар не е ниту од „Либерти“ ниту од „Макстил“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
vardar

Државниот инспекторат за животна средина утврдил дека отпадната вода од колекторот, која се влева во реката Вардар, во близина на Бетонската база – Бетон, е со црвена боја, по што земени се мостри за хемиска анализа. Мострите од отпадната вода се однесени во акредитирана лабораторија и во тек е нивно испитување.

Извршен е и вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект „Либерти“ АД -Скопје, на ул.16 Македонска бригада б.б. и во моментот на надзорот утврдено е дека погонот Лужилница не е во работен режим, односно производниот процес бил целосно сопрен.

— реклама —

„Погонот е запрен со работа на 10.07.2020 година во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна.

— реклама —

Исто така се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на „Макстил“ АД – Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 м3/час.Значи, од извршените увиди и кај двата погореспоменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода“ се вели во извештајот на Инспекторатот.

— реклама —

Како што се додава, ниту „Либерти“ АД Скопје ниту „Макстил“ АД немаат пријавено  каков било  инцидент или хаварија во нивните погони, а при увидот во нивните пречистителните станици не е забележано обојување на отпадните води.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања