Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Инспектори од грчката УЈП се претставиле како шпански туристи за да откријат затајувач на данок на Миконос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
Mykonos

Инспектори од Управата за јавни приходи на Грција, задолжени за контрола и борба со затајување данок, се претставиле како шпански туристи, изнајмиле луксузна вила на грчкиот остров Миконос со посредство на агенцијата за недвижнини и откриле дека сопственичката не пријавила ниту едно евро приход, објавија грчките медиуми.

— реклама —

Четворицата службеници, кои биле дел од операцијата „Villa Juanita Dolores“, ги користеле имињата Хуанита, Долорес, Карлос и Антонио. Тие од агенцијата за недвижнини побарале да им најде луксузна вила, откако им потврдиле дека се е средено  на Миконос пристигнале на 2 август и од нив било побарано, за шест ноќевања да платат 25 илјади евра. Тогаш го откриле нивниот вистински идентитет, дека всушност се службеници во Управата за јавни приходи и побарале од сопственичката на агенцијата за недвижнини да им достави податоци за туристите кои претходно биле сместени во вилата, а кои платиле 19. 200 евра за осум дневен престој.

Оваа вила подолго време била на око на управата за јавни приходи, знаеле дека конкретната вила има високи цени, но и дека е пример за затајување данок.

— реклама —

Агенцијата за недвижнини која ја изнајмила вилата во април 2018 не пријавила ниту едно евро приход.

Управата за јавни приходи на Грција, за време на летниот период ги засили контролите на туристичките места, особено на грчките острови, во борбата со затајувачите на данок, jави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на минатата седмица на Миконос поради неиздавање фискални сметки на 48 часа беа затворени три познати кафулиња, а од иста причина казна доби и бар на плажа на островот Крит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања