„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Инспекторите го затворија кафе барот „Интермецо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена.

— реклама —

По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект Интермецо ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионото право на бучава.

Со оглед на горенаведеното правно лице, за кое веќе му е изречена глоба во износ од 6000 евра и поради повторно непочитување на законските одредби, на кафе барот Интермецо му се изрекува забрана за вршење дејност.

— реклама —

Апелираме до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибелажа.

Во интерес на граѓаните и подобрување на начинот на живот на центарци, Општина Центар продолжува со редовни и засилени контроли и согласно своите надлежности, ќе преземе поригорозни мерки за санкционирање на сите правни лица – угостителски објекти кои нема да ги почитуваат законските прописи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања