Излегоа снимките од сигурносните камери од убиството на Тот. Свирепо, одвратно, убиство. Убиство кое пред очи ни покажува и каде живееме како луѓе и нелуѓе и кскви институции имаме, вели Божидар Божиновски.
„Она што се гледа е дека не е еден удар. Повеќе удари по глава. Дали такви удари можат да не направат видливи повреди? Многу тешко.
Убијците се свирепи и да се надеваме ќе го добијат заслуженото. Околу нив има неколку луѓе што не ни мрдаат со прст да го спречат тепањето. Дури и откако ќе избегаат овие и тие само заминуваат… Тажно е до каде стигнавме како луѓе.
Дали се работи за прикривање или страшна некоординација меѓу институциите останува да видиме. Што и да е од двете мора да има одговорност. Затоа што тие 48 часа му дозволија на еден од убијците да избега.
И останува прашањето кој го известил брат му на убиениот Тот дека починал од срцев удар…“, додава тој.