Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Инструкции: почнува аплицирањето на лотаријата за зелена карта за САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-11-5480PM

Сите заинтересирани граѓани од денеска до 7 ноември годинава, до 18 часот, можат бесплатно да се пријавуваат на лотаријата за зелена карта за 2025 година.

Кандидатите може да се пријават на официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент https://dvprogram.state.gov/ , на која има целосни инструкции.

„Им препорачуваме на кандидатите да аплицираат порано и лично да ги подготват и поднесат своите пријави. Кандидатите можат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но за едно лице може да има само една апликација, стои во соопштението.

— реклама —

Секој кандидат е одговорен за своите податоци и дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни. Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот дури и откако е извлечен како добитник.

— реклама —

Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една лична пријава. Поднесувањето на повеќе лични пријави ќе доведе до дисквалификување од лотаријата.

Секој кандидат треба да ја испечати и зачува потврдната страница од пријавата по пополнувањето на апликацијата за да може да ја провери. Исто така, секој кандидат треба да го зачува својот единствен број барем до 30 септември 2025 година, без разлика дали е извлечен на почетокот. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

— реклама —

Кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани преку програмата почнувајќи од 4 мај 2024 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања