„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, обезбеди заштитна опрема за новинарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
maski-1

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, на новинарите и медиумските работници, кои се членови на Регионалното здружение на новинари на Македонија од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, но и на оние кои не членуваат во ЗНМ, им подарува заштитна опрема од вкупно 100 повеќенаменски заштитни маски и 100 заштитни ракавици.

— реклама —

„Покрај здравствените работници, полицајците и војниците, на кои им сме благодарни за огромниот ангажман во борбата против невидливиот непријател- Корона вирусот, новинарите, се луѓето кои од почеток на пандемијата, постојано се на терен, до првата борбена линија во борбата против вирусот Ковид- 19. Новинарите, извршувајќи ги професионалните обврски на полето на информирање на граѓаните, секојдневно се во непосредни контакти со други лица, меѓу нив и лица од можни ризични категории, бараат изјави од нив, престојуваат на различни места и објекти и се изложени на ризик од заразата. Преку информирањето, делуваат кон заштита на јавното здравје и јавниот интерес за подигнување на свеста кај јавноста за превенција и доследна примена на препорачаните мерки за заштита и справување со Корона вирусот“, се вели во соопштението од ИПА Охрид.

Сметаме дека новинарите и медиумските работници, треба да бидат маскимално заштитени, и во својата работа треба да се придржуваат до безбдносните протоколи и препораки на надлежните институции. Веруваме дека со оваа скромна донација, барем малку ќе придонесеме за подобро опремување на новинарите и медиумските работници со заштитни маски и заштитни ракавици кои им се неопходни на терен и ќе се зголеми степенот на безбедност во нивната работа и во зачувувањето на нивното здравје.

— реклама —

 

SERVO PER AMIKECO-Служиме преку пријателство

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања