Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Иран до фудбалерките: „Ве чекаме со раширени раце, вратете се дома“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarylh7c8tfdv5jr8jf6l7i

По повиците да се обезбеди заштита и евентуален азил за иранските спортистки во странство, од Иран пристигна остра реакција во која таквите предлози се оценуваат како лицемерни.

Во соопштението се наведува дека „повеќе од 165 невини ирански ученици загинале во двојниот напад со проектили во градот Минaб“, со порака дека „апсурдно и лицемерно е да се зборува за ‘спасување’ на иранските спортистки по такви настани“.

— реклама —

Пораката беше упатена и до женската фудбалска репрезентација на Иран.

„Не грижете се – Иран ве чека со раширени раце. Вратете се дома“, се наведува во пораката на Есмаил Багеи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран.

— реклама —

Светската јавност стравува за безбедноста на иранските фудбалерки, откако на државната телевизија беа прогласени за предавнички, поради тоа што на натпреварот од Азискиот куп протестирале со тоа што не ја пееја химната. Во услови на војна во нивната земја, такви постапки може да повлечат смртна казна.

— реклама —

Затоа, веќе неколку дена јавноста апелира до властите во Австралија да им обезбедат азил, а според најавите, тоа било сторено за пет фудбалерки кои го побарале, додека другите се плашат за безбедноста на своите семејства доколку тоа го сторат.

Дури и американскиот претседател Доналд Трамп јавно се огласи, повикувајќи на реакција од Австралија.

media-library9kgfajgnl4jv7yjy82N

(Видео) На фудбалерките на Иран им се заканува смртна казна

Фудбалерките на Иран на државната телевизија беа прогласени за „воени предавници“ со кои треба строго да се постапува поради нивниот гест на Азискиот куп во Австралија.Имено, одбивањето на Иранките да ја пеат химната пред натпреварот со Јужна Кореја предизвика остри осуди, а водителот на иранската државна телевизија рече дека тие мора да се соочат со „жиг на срам и предавство“.Радикалниот портпарол на режимот, Мохамад Реза Шахбази, изјави дека властите мора да ги прогласат за предавници, за што

Спорт | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања