Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Иран постави „црвена линија“: Признавањето на правото на збогатување ураниум е клучно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryjgophhe4evq21KnGWtW

Барањата на САД во однос на иранската нуклеарна програма се спротивни на позициите на Техеран, изјавил висок ирански претставник за „Ројтерс“, коментирајќи ги изјавите на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека Иран мора значително да ги намали капацитетите за збогатување ураниум за да заврши конфликтот.

Иранскиот претставник, кој е вклучен во индиректните преговори со САД, рекол дека изјавите на Венс ги претставуваат барањата и предлозите на Вашингтон, но дека тие не се во согласност со барањата на Техеран.

— реклама —

Тој додал дека во моментов нема преговори меѓу Иран и САД за нуклеарната програма. Според него, Вашингтон прво треба да ги исполни условите на Техеран за воопшто да може да започне преговарачкиот процес.

— реклама —

Како „црвена линија“ за Иран го посочил признавањето на правото на земјата да збогатува нуклеарен материјал. За деталите околу начинот на спроведување на тој процес, сепак, може да се разговара, навел тој.

Венс во интервју за „Ројтерс“ изјавил дека Иран мора значително да ги намали капацитетите за збогатување ураниум за да ги исполни американските барања и да се стави крај на седуммесечниот конфликт меѓу двете земји.

— реклама —

Венс има водечка улога во разговорите за решавање на конфликтот, а во јуни учествувал во постигнувањето привремен мировен договор кој набргу пропаднал. Конфликтот влијаел и врз глобалните енергетски пазари и станал политички товар за американскиот претседател Доналд Трамп и неговите републиканци пред конгресните избори во ноември.

Венс изјавил дека САД разговараат со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и министерот за надворешни работи Абас Арагчи, но дека не е јасно колкава реална власт имаат тие во иранската структура на управување по убиството на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади на почетокот на конфликтот.

Тој исто така рекол дека разговарал со воени команданти на терен за да ја процени состојбата на боиштето. Венс навел дека иранските сили повремено успеваат да напаѓаат трговски бродови во Ормускиот Теснец, но дека главно не се во состојба да го спречат извозот на енергенси преку овој пловен пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 4 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања