Промени тема
Контакт

Иран потврди заплена на танкер во Оманскиот Залив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryle0s9dof8i8b1YYHjH0

Иран денес потврди дека неговата Револуционерна гарда запленила танкер во водите на Оманскиот Залив кој превезувал петрохемиски производи наменети за Сингапур поради наводно прекршување на прописите, објавија иранските државни медиуми.

— реклама —

Американски функционер и извори од поморската безбедност вчера рекоа дека иранските сили пресретнале танкер со нафтени производи и го пренасочиле во ирански територијални води. Тоа е првиот извештај за иранска заплена на танкер по израелско-американските напади врз Иран во јуни.

— реклама —

Државната иранска телевизија ја прочита изјавата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во која се наведува дека „танкерот ги прекршил прописите поради превоз на неовластен товар“. Не беа соопштени детали за наводните прекршоци.

Последната пријавена заплена на брод беше во април 2024 година.
Танкерот Talara, под знамето на Маршалските Острови, пловел долж брегот на Обединетите Арапски Емирати, рекоа поморските извори, и превезувал товар од гасно масло со висок процент на сулфур преку Индискиот Океан на пат кон Сингапур од Шарџа во ОАЕ.

— реклама —

Бродот е во сопственост на компанијата Pasha Finance со седиште на Кипар. Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) изминатите години периодично запленувала комерцијални бродови во водите на Заливот, често повикувајќи се на поморски прекршоци како што се наводно криумчарење, технички неправилности или правни спорови.

— реклама —

Иран ги ограничи своите воени активности во регионот по 12-дневното бомбардирање во јуни во кое учествуваа и Соединетите Држави. Последната пријавена заплена на брод беше во април 2024 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 5 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 6 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања