Промени тема
Контакт

Иранската Револуционерна гарда со закани: „Тесла“ меѓу компаниите означени како „легитимни цели“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
110242_get-thumbs-on-fly-9_f

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) ги засили заканите кон повеќе од десет американски технолошки компании, тврдејќи дека тие, наводно, му помагаат на Вашингтон во воените операции во актуелниот конфликт на Блискиот Исток. На списокот на компании кои се споменуваат како „легитимни цели“ се најде и „Тесла“.

— реклама —

Според наводите, ИРГЦ ги поврзува овие корпорации со обезбедување вештачка интелигенција, комуникациски технологии и капацитети за разузнавачки операции. Во текстот се наведува дека први на удар биле „Амазон“ и „Оракл“, со оценка дека останува отворено прашањето дали нападите ќе продолжат и кон други фирми од листата.

— реклама —

Како дополнително предупредување, ИРГЦ порачала дека за секој нивен воен водач кој би бил убиен во војната, „една американска компанија ќе биде уништена“, при што меѓу прозваните компании е наведена и „Тесла“.

Покрај „Тесла“, како потенцијални цели се споменуваат и други големи имиња од американската технолошка и индустриска сфера, меѓу кои „Мајкрософт“, „Епл“, „Гугл“, „Мета“, како и компании од областа на мрежна инфраструктура, полупроводници и одбрана.

— реклама —

Во објавата се посочува и дека ИРГЦ упатила повик до вработените во објектите на овие компании на Блискиот Исток веднаш да ги напуштат работните места, додека цивилите во радиус од еден километар околу тие локации биле предупредени да се засолнат на безбедно.

— реклама —

Иако седиштето на „Тесла“ е во САД, во текстот се нагласува дека компанијата во последните години го проширила своето присуство на Блискиот Исток, со активности и инфраструктура во земји од Заливот, што според ваквите проценки ја прави ранлива во услови на ескалација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmlutqdqg6mm6FXOpvv

Tesla почнува проверки во Кина пред масовното производство на роботот Optimus

Технологија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarycvn2i0akpcor7uQqOeq

(Видео) Тесла се спушта по највисокиот пат во Словенија, FSD совлада неверојатно тесен дел

Технологија | пред 2 седмици

media-library6sl1be4rrj9dem12lPh

Тесла профитира од новото партнерство меѓу Канада и Кина: Се отвора простор за над 33.000 возила

Свет | пред 4 седмици

media-library6sl1be4rrj9dem12lPh

Tesla повлекува повеќе од 20.000 возила поради проблем со предните светла

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања