Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ирански министер: Кувајт незаконски нападна ирански брод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран го обвини Кувајт за незаконски напад на ирански брод и апсење на четворица ирански државјани во Персискиот Залив.

— реклама —

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Кувајт „незаконски нападнал ирански брод и уапсил четворица наши државјани“, пренесува Al Jazeera.

Според Аракчи, инцидентот се случил во близина на остров што го користат Соединетите Американски Држави за напади врз Иран и претставувал „обид за создавање раздор“.

— реклама —

Од друга страна, кувајтските власти соопштија дека уапсените лица се припадници на Револуционерната гарда на Иран кои се обиделе да се инфилтрираат на островот Бубијан.

— реклама —

Кувајт тврди дека четворицата биле приведени на рибарски брод наменет за „непријателски активности против Кувајт“ и дека признале оти добиле задача од Иранската револуционерна гарда.

Техеран ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека станува збор за припадници на крајбрежната стража кои, поради дефект на навигацискиот систем, навлегле во кувајтски води за време на рутинска патрола.

Инцидентот предизвика и дипломатска реакција, при што кувајтското Министерство за надворешни работи го повика иранскиот амбасадор и му врачи протестна нота поради, како што наведуваат, нарушување на суверенитетот на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања